Што е транскреација и зошто е важнa?

За да се натпреваруваат, маркетинг агенциите треба да ги проценат културните димензии на нивните целни пазари, да ги разберат ставовите, однесувањето и верувањата на потрошувачите и да ги приспособат нивните маркетинг кампањи за да создадат влијание на овие пазари.

Затоа, за да се успее на новите пазари и да се привлечат нови клиенти, употребата на креативни преводи – Транскреација – стана неопходност.

Што е транскреација и зошто таа е важна?
Транскреацијата е многу повеќе од превод. Ја зема оригиналната порака и ја пренесува на друг јазик, осигурувајќи се дека текстот на целниот јазик го задржува оригиналниот стил, вокалниот тон, намерата и емоционалната важност. Тоа е комбинација на дисциплина и уметност, превод и толкување. Тоа е процес кој го реевалуира маркетинг материјалот произведен за локалниот пазар и го реконфигурира со цел да привлече публика со многу различна култура. Процесот на транскреација вклучува разбирање на целниот пазар и внимателно приспособување на пораката користејќи соодветен јазик, стилски слики и тон за оптимална привлечност и ефективно испраќање пораки.

Ова е главната причина зошто процесот не бара само добар преведувач со лингвистички вештини, туку и преведувач со експертиза во маркетингот и цврсто разбирање на културата на целната публика.

Со транскреацијата, крајниот резултат најчесто е целосно нова порака. Обично, пораката што првично беше напишана за публика во една земја или регион нема да резонира со друг вид публика. Затоа, транскреацијата создава нова порака, со нови зборови на целниот јазик, но со задржување на „духот“ на изворниот текст.

Главната цел на транскреацијата е да се задржи оригиналниот стил, намера, емоции и тон на изворните текстови при нивното преведување на целниот јазик.

Leave a comment

Inter Kultura © Made with <3 by OnPoint Digital | contact@interkultura.mk | 070341951