За нас

Училиште за странски јазици и студио за преводи

Интеркултура Дооел Скопје е друштво за странски јазици и студио за преводи основано во 2010 година и од самиот почеток успешно работи на овие две полиња. Обезбедуваме јазична обука за возраси и деца уште од првите денови на основање на друштвото како и преведувачки услуги (писмен и устен превод) од македонски кон повеќе странски јазици и обратно. Од 2014 година Интеркултура станува акредитиран член на МАКС – Македонска асоцијација за квалитет во настава по странски јазици која пак како организација е членка на EAQUALS.


Од 2021 година Интеркултура се здобива со 2 значајни сертификати за квалитет: ИСО 9001 и специјализираниот сертификат за преведувачка дејност ИСО 17100.

Цели на политиката за квалитет на преводот

- Да обезбедиме ефикасни услуги за превод по конкурентни цени, со строго почитување на роковите.
- Да бидеме подготвени да обезбедиме услуги на клиентите на очекуваното ниво, истовремено отстранувајќи ги сите својствени ризици што можат да се појават во работниот процес.
- Правилно и професионално однесување на вработените, со тоа што знаеме дека сите деловни активности се извршуваат со интегритет, чесност и според строг морален кодекс на етика.
- Вработување на професионален персонал и користење на надворешни соработници кои ја имаат потребната академска и професионална обука, со цел да обезбедат висококвалитетна услуга за клиентите на потребното ниво.
- Информирање на соработниците за најновиот развој во индустријата на преводи преку соодветна обука.
- Користење аутсорсинг на услуги според прифатените стандарди.
- Постојано работиме на подобрување на квалитетот и услугата.
- Ние се стремиме да станеме број еден во нашата гранка на пазарот. Ги анализираме потребите на нашите клиенти, обрнуваме должно внимание на нивните коментари и предлози и неуморно работиме на зголемување на квалитетот на нашите преводи и подобрување на нивото на услуга за клиентите.

Побарај понуда

    на

    ПРИКАЧИ ДОКУМЕНТ


    зошто да не одберете нас?

    Нашата политика за квалитет

    Нашата политика за квалитет на преводот се спроведува со тоа што континуирано ги правиме работните процеси на човечки превод поефикасни; со намалување на минимум можноста за грешки и насочувајќи ги најдобрите интереси на нашите клиенти; и со постојано следење на задоволството на клиентите.

    Дефинитивно би ја препорачал оваа компанија на сите кои бараат квалитетни преведувачки услуги!

    Елена Николова

    Publisher

    Токму она што го барав! Ви благодарам многу за вложениот труд во огромниот заеднички проект – преводот беше секогаш навремен и со висок квалитет.

    Филип Ристевски

    Teacher

    Professional and creative, your team has made my life so much easier! You can totally rely on them with translations.

    Jim Norton

    Manager

    Подготвени да започнеме?

    Нашите професионални преведувачи поседуваат долгогодишно искуство во различни области и индустрии!
    нарачај превод
    Совети и практики

    Нашиот блог

    Inter Kultura © Made with <3 by OnPoint Digital | contact@interkultura.mk | 070341951