Дали знаете кој е најстариот јазик на светот? Ако не сте свесни за одговорот на ова прашање, откако ќе ја прочитате оваа статија ќе знаете ,бидејќи во неа ви ги презентираме деталите за 10-те најстари јазици во светот според потеклото.
1. Ерменскиот јазик е дел од индоевропската лингвистичка група, која ја зборуваат Ерменците. Библиите напишани во петтиот век постојат како нејзино најрано појавување. Ерменскиот јазик настанал во 450 година п.н.е. Во моментов, околу 5 отсто од луѓето го зборуваат овој јазик. Најзастапен е во Месопотамија и во југоисточниот регион на Црното Море. Регионот спаѓа во Ерменија, Грузија и Азербеџајн (северозападен Иран). Тој е официјален јазик на Република Ерменија.
2. Корејскиот јазик се зборува од околу 600 година п.н.е. Во моментов, околу 800 милиони луѓе зборуваат корејски јазик. Писмото на овој јазик е Хангул. Кинезите се населиле во Кореја, така што корејскиот јазик е под силно влијание на кинескиот јазик.
3. Арапскиот јазик се зборува во Ирак, Иран, Сирија, Израел, Либан и модерниот Рим. Постојат докази за неговото присуство дури 1000 години пред Исус. Некогаш бил официјален јазик на Ерменската Република.
4. Кинескиот јазик е најзборуваниот јазик во светот. Се зборува во Кина и некои земји од источна Азија. Кинескиот јазик припаѓа на кинеско-тибетското јазично семејство и всушност е група на јазици и дијалекти. Стандардизираниот кинески јазик е всушност наречен “мандарински”. Овој јазик е стар 1200 години уште пред доаѓањето на Исус. Во моментов, околу 1,2 милијарди луѓе во светот зборуваат кинески јазик.
5. Грчки јазик е најстариот јазик во Европа, кој се зборува од 1450 години пред Исус. Во моментов грчки јазик се зборува во Грција, Албанија и Кипар. Околу 13 милиони луѓе и денес зборуваат грчки јазик.
6. Египетскиот јазик е најстариот познат јазик во Египет. Овој јазик припаѓа на афро-азиското лингвистичко семејство. Стар е 2600-2000 години од раѓањето на Исус. Овој јазик се уште ја одржува својата природа жива.
7. Хебрејскиот јазик спаѓа под семитската гранка на семејството јазик Сами-Хами. Хебрејскиот јазик е стар околу 3000 години п.н.е. Во моментов тој е официјален јазик на Израел, по неговото изумирање, израелскиот народ го оживеа. Еврејската заедница го смета за “свет” јазик и во него е запишан Стариот завет од Библијата. Хебрејскиот јазик е напишан на хебрејско писмо, се чита и пишува од десно кон лево. Студиите на хебрејскиот јазик се релативно популарни во денешно време на западните универзитети. Официјален јазик на Палестина по Првата светска војна е исто така современиот хебрејски јазик.
8. Латинскиот јазик бил официјален јазик на античката Римска империја и античката римска религија. Во моментов тој е офоцијален јазик на Римокатоличката црква и официјален јазик на градот Ватикан. Како и санскрит, тој е класичен јазик. Латинскиот доаѓа од романтичната гранка на индоевропското јазично семејство. Од ова потекнуваат францускиот, италијанскиот, шпанскиот, романскиот, португалскиот и најпопуларниот јазик во денешно време,англискиот. Поради доминацијата на христијанството во Европа, латинскиот јазик во средновековно и предмодерно време, бил меѓународен јазик на речиси цела Европа, на кој се пишувале книги од сите религии,наука, виша литература, филозофија и математика.
9. Тамилскиот јазик е признат како најстар јазик во светот и е најстариот јазик од семејството Дравидија. Овој јазик имал присуство дури и пред околу 5000 години. Според едно истражување, 1863 весници се издаваат само на тамилски јазик секој ден. Во моментов, бројот на говорници е околу 7,7 милиони. Овој јазик се зборува во Индија, Шри Ланка, Сингапур и Малезија.
10. Најстариот јазик на светот е санскрит. Санскритскиот јазик се нарекува Девбаша. Сите европски јазици изгледаат инспирирани од санскрит. Сите универзитети и образовни институции распространети низ светот го сметаат санскрит за најстар јазик. Се верува дека сите јазици во светот некаде потекнуваат од санскрит. Санскротскиот јазик се зборувал уште пред 5 000 години пред раѓањето на Исус. Санскрит сеуште е официјален јазик на Индија. Меѓутоа, во денешно време, санскрит станал јазик на богослужба и ритуал наместо јазик на говорот. Сите поволни дела издадени во хинду религијата ги рецитира Веда Мантра чиј јазик е санскрит.