Словенечки јазик-најромантичниот од сите словенски јазици

Без разлика каде патувате, ако прашате локален жител, најверојатно ќе ви каже дека нивниот јазик е тежок за учење и уште потежок за совладување. Меѓутоа, ако го прашате истото во Словенија, можеби има зрно вистина во тоа тврдење.

Словенечкиот јазик е индоевропски јазик кој заедно со хрватскиот, спрскиот, босанскиот и црногорскиот припаѓаат во источната група на јужнословенски јазици. Словенечкоит јазик е официјален јазик во Словенија и го користат околу 2,5 милиони луѓе. Словенечкиот јазик првпат го зборувале Словените, кои во 6 век веќе почнале да се населуваат на просторот на денешна Словенија. Првите словенечки документи се ракописите Фрајзинг, кои датираат од 10 век.

Иако Словенија е мала земја, словенечкиот има најголем број дијалекти од сите словенски јазици. Постојат 7 главни дијалекти: каринтски, горнокарњолски, долнокарњолски, приморски, ровте, стирски и панонски и секој од нив е поделен на 7 поддијалекти. Дијалектот што се зборува во североисточниот регион на Словенија   „прекмурско наречје“, на пример, е толку многу различен од стандардниот словенечки што речиси се смета за јазик сам по себе . Причината за оваа различност е моделот на населување од минатото. Првично, во Словенија постоеле четири различни групи: словенски, романски, германски и фино-угрски. Секој регион имал специфична клима, шумски предели и долини. И денес Словенија е позната по својата природа и културна разновидност. Исто така, не е далеку да се патува од морскиот брег до областа со алпска клима. Меѓутоа, во минатото, овие специфики во голема мера го намалувале контактот меѓу луѓето и следствено јазиците на овие региони се менувал со што станал чуден кога станува збор за изговорот и граматиката.

Регионалната разновидност на словенечкиот јазик не е единственото нешто што го прави да изгледа тежок јазик за учење. Двојниот граматички број, карактеристика што е зачувана само на неколку јазици во светот, меѓу кои и словенечкиот, е концепт што не им е познат на повеќето странци кои сакаат да го научат овој јазик, дури и говорителите на тесно поврзаните хрватски и српски! Колку и да изгледа чудно дуалот, сепак, Словенците и странците го прифатија како романтична карактеристика совршена за заљубените парови. Дуалот им дава начин да споделат нешто само за нив двајца, каде англискиот е двосмислен во неговото „ние“, словенечкиот е целосно лишен од секакво сомневање: „midva“ – ние двајцата.

Словенечкиот е еден од „најучтивите јазици“. Постојат две верзии за обраќање: неформално („тикање“) и формално („викање“), во зависност од односот со другата личност. Неформалната верзија на „ти“ се користи кога разговарате со пријателите, семејството или луѓето што добро ги познавате. Формалната верзија на „ти“ = „ви“ е поучтива и со нејзино користење изразуваш почит. Се користи кога им се обраќаме на возрасни, постари луѓе и луѓе што не ги познавате. Формалното „ти“ има свое место и во деловните односи, а често се пишува со голема буква во формалните мејлови.

 

 

 

 

Leave a comment

Inter Kultura © Made with <3 by OnPoint Digital | contact@interkultura.mk | 070341951