Луѓето поседуваат способност да комуницираат преку говор десетици илјади години. Нашето разбирање за тоа како комуницираме се развива со текот на времето, но некои мистериозни јазици продолжуваат да збунуваат.
Зошто зборуваш онака како што зборуваш? Како се појавил јазикот? Како се развил во сегашната форма?
Додека одговорите на ваквите прашања полека се откриваат со текот на времето, некои јазични мистерии остануваат.
Низ целиот свет, постојат чудни факти за јазикот кои не тераат да размислуваме за тоа како еволуирал јазикот, како се користи и како може да се промени во иднина.
Три од најмистериозните јазици во светот, вклучително и дискусија за тоа што значат овие јазици во доменот на лингвистиката воопшто, читаме во продолжение.
Убанг: Антрополозите веруваат де човековиот јазик настанал пред околу 100 000 години во Западна Африка. Прво да одвоиме еден момент за да сфатиме колку е неверојатно што целиот човечки јазик може да се централизира назад на една локација. Тоа само по себе е чудо. Второ, размислете за еден интересен феномен што ја означува таа локализирана различност- нигериско село каде што мажите и жените зборуваат два различни јазици. Убанг е мала земјоделска заедница во јужна Нигерија каде мажите и жените зборуваат два различни јазици. Побарајте малку вода во Убанг, на пример, жена ќе ви донесе аму, маж, пак, би ви донел бамуи. Ова не се суптилни дијалектни разлики што би ги очекувале помеѓу американскиот и британскиот англиски, сами по себе. Зборовите се сосема различни. “Тоа е речиси како два различни лексикони”, изјави за Би-Би-Си антропологот Чи Чи Унди, кој ја проучувал заедницата. Мажите и жените во Убанг можат да се разберат поради начинот на кој ги воспитуваат своите деца. Мајките го носат најголемиот дел од родителсите обврски рано во животот на детето, што значи дека младите момчиња ја зборуваат женската верзија на Убанг. Меѓутоа, во одреден момент од животот тие едноставно се префрлаат на машкиот јазик. Никој не им кажува кога, тоа е едноставно обред на премин што се случува во одреден момент од развојот на момчето. Постојат многу теории зад двојазичната култура што постои во Убанг, почнувајќи од библиската приказна за Адам и Ева до традиционалните родови улоги и дејствувањето на мажите и жените во различни сфери.
Зуни: Зуните се домородци во Западно Мексико и некои делови на Аризона во САД. Јазикот Зуни се уште е најчестиот облик на комуникација, особено во регионот на Зуни Пуебло во Ново Мексико. Што е толку мистериозно за овој јазик? Нејзиниот најблизок роднина се наоѓа на повеќе од 10 000 километри- во Јапонија. Денешното Зуни вклучува многу зборови позајмени од Кересан, Хопи и Пима, кои имаат потекло од Индијанци и Ацтеки. Меѓутоа, во 1960-тите, една дипломирана студентка по име Ненси Јав Дејвис одела на час по антропологија за културата на југозападните домородни Американци и забележала дека голем број зборови од Зуни звучат многу како јапонски зборови. Теоријата на Јав е дека група јапонски мисионери кои патувале во Мексико околу 12 век и останале некое време. Интересно, таа откри дека крвта од типот Б е многу честа кај Јапонците и кај Зуни луѓето, а тие исто така споделуваат случаи на ретка бубрежна болест. Сето ова сугерира дека јапонските мисионери можеби пристигнале во Северна Америка пред Кристофер Колумбо и неговата екипа. Тоа би фрлило голем клуч во историските книги.
Ронгоронго: Познатите статуи се само дел од мистеријата на Велигденскиот остров, познат и како Рапа Нуи. Полинезиските жители на островот создале просперитетна и трудољубива култура некаде помеѓу 800 и 1200 година од нашата ера. Јазикот на народот го носеше истото име како островот и споделуваше сличности со хавајскиот и тахитскиот јазик. Она што певеќе не интересира е неизговорениот јазик што го оставија зад себе. Рогоронго е систем на хиероглифи откриен на југоисточниот остров на пацификот уште во 19 век. Глифите се договорен збир на симболи и форми кои се испишани на зидови или камени плочи и читливи од некои луѓе. За жал, само дваесетина физички парчиња од Рогоронго се приживеани, и покрај неколкуте обиди, тие допрва треба да се дешифрираат. Мисионерите сметаа дека уникатниот систем на пишување е манифестација на паганските обичаи кај домородното население, не само што ја забранувале неговата употреба туку и наредувале да се уништат плочите. Кога пишувањето било откриено во 1864 година, останале само неколку табли. Понатаму, населението на Велигденскиот Остров било десеткувано поради болестите донесени од европските мисионери, додека оние што преживеале често биле робувани од трговците со робови. Како резултат на тоа, не преживеал ниту еден човек кој што можел да ги преведе натписите на Рогоронго. Антрополозите, криптографите и лингвистите се уште бараат да го откријат нивното значење.Таа желба е уште посилна поради верувањето дека откривањето на мистеријата на Рогоронго би можело да биде клучно за да се открие за што се статуите на островот.
