ЗАБАВНИ ФАКТИ ЗА ШВЕДСКИОТ ЈАЗИК

Шведскиот е член на семејството на германски јазици. Поточно, шведскиот јазик се наоѓа во северната гранка на семејството на германски јазици, кое се развило од старонордискиот јазик, јазикот на Викинзите. Во семејството на северногермански јазици ќе најдете и норвешки, дански, исландски и фарски. Всушност, норвешкиот и данскиот се толку слични на шведскиот што може да се каже дека со учењето шведски ги учите и другите два јазика. Тоа е како учење три јазици по цена од еден.

Можеби ќе се изненадите кога ќе слушнете дека западногерманската гранка на јазичното семејно стебло вклучува англиски. Бидејќи англискиот и шведскиот се роднини во исто јазично семејство, ова заедничко потекло може да објасни зошто шведскиот јазик е толку лесен за учење на  говорниците чиј мајчин јазик е англиски јазик.

Иако шведскиот е древен јазик, тој е официјален јазик во Шведска само од 2009 година. Шведскиот е исто така еден од двата официјални јазици на Финска заедно со финскиот.

На шведски, името за Шведска значи „Нашето кралство“. Швеѓаните потекнуваат од народот Свеар. На нивниот древен јазик „svear“ значи „нас“. Зборот „rike“ значи „царство“. Ставете ги двата збора заедно имате Sverige што е Шведска на шведски или Наше Кралство.

Шведската азбука има 29 букви, сите исти букви како англискиот плус 3 дополнителни самогласки. Шведскиот јазик има 9 самогласки (a, e, i, o, u, y, ä, ö & ü). Секоја од шведските самогласки може да биде долга или кратка, така што се  создаваат вкупно 18 самогласки.

Шведскиот има некои одлични непреводливи зборови кои ќе ви помогнат и во шведската култура.

Првиот збор е Fikа што значи да се испие шолја кафе со уживање во кафуле додека разговараш со пријател. Tолку мал збор за универзален обичај во кој уживаат сите во Шведска.

Следниот збор опишува основна шведска вредност. Lagom значи „не премалку, не премногу… но точно“. Според шведските преданија, фразата се користела во времето на Викинзите за да се прецизира колку медовина треба да се испие од рогот додека се пренесувал наоколу за секој да добие правичен дел.

На шведски, деновите во неделата се именувани по нордиските богови.  Måndag (Понеделник е именуван по нордискиот бог „Måne“, што значи месечина.), Tisdag (Вторник е именуван по Тир, богот на војната и братот на Тор), Onsdag (Среда е именувана по „Оден“, кралот Бог на мудроста, војната и смртта и таткото на Тор и Тир),  Torsdag (Четврток е именуван по богот на громот, Тор), Fredag (Сопругата на Оден, Фреја, божицата на љубовта и плодноста, служи како инспирација за петок),  Lördag (Меѓутоа, сабота воопшто не е именувана по нордиски бог. Сабота е ден за капење (att löga sig), нешто што дефинитивно треба да го правите барем еднаш неделно ) и Söndag (Недела е именувана по нордиската божица на сонцето – „Сол“ или „Суна“.)

Leave a comment

Inter Kultura © Made with <3 by OnPoint Digital | contact@interkultura.mk | 070341951