Подготовка за Специјализиран курс за деловен англиски јазик (BEC)

Started on January 1, 1970

Кембриџ – BEC Vantage Masterclass и

Кембриџ– Business Benchmark BEC Higher

Курсот се состои од вкупно 60 часа х 45 минути по ниво. Интензитетот на курсот е 3 пати неделно по 3 часа. Курсот го нудиме на две нивоа и тоа В2 и С 1 на јазична рамка на Советот на Европа. Соодветно на нивото се работи по програма на Кембриџ- BEC Vantage Masterclass и Business Benchmark BEC Higher. Двете програми нудат

практичен пристап кон деловното работење и ги подготвуваат слушателите за работа во меѓународна деловна средина. Курсот ги опфаќа сите позначајни области од деловното работење како што се маркетинг, рекламирање, менаџмент, заштита на работно место, трговија, продажба, вештини за продажба, човекови ресурси, итн.

Кои се целите на курсот?

  • Да ги развие вашите вештини за секојдневно деловно работење како што се деловна комуникација по телефон, електронски деловни дописи, прием на странки, итн.
  • Да ја зголеми вашата самодоверба во користење на постојните и ново стекнатите вештини.
  • Да ги усоврши вашите говорни вештини за изразување на мислења, давање предлози и препораки, поставување сложени прашања и давање одговор за одредени услуги или производи, држење презентации или говор на деловни семинари, итн.
  • Да ги развие и усоврши вашите вештини на пишување на деловни писма, писма за соработка, извештаи, понуди, предлози и е-меилови.

Како овој курс ќе ви помогне да ги постигнете горенаведените цели?

За постигнување на овие цели, курсот се фокусира на неколку аспекти од деловен англиски јазик. Овие аспекти вклучуваат:

  • лекциите се организирани согласно темата: човекови ресурси, маркетинг, однос со клиенти, итн., и секоја од нив нуди обука и пракса на сите четири вештини: читање, слушање, пишување и зборување.
  • секоја лекција содржи вокабулар кој е неопходен за писмена и усна деловна комуникација со фокус на одредено поле од деловното работење.
  • опсег на снимени материјали кои вклучуваат интервјуа со деловни луѓе, нивни презентации земени од реалното деловно опкружување.

Специјализираниот курс по деловен англиски јазик е поставен на нивоата B2-C1 на јазична рамка на Советот на Европа, односно високо средно ниво и напредно ниво. Курсот е наменет за сите оние кои имаат потреба да го користат англискиот јазик во деловното работење. Овој курс целосно ги подготвува слушателите за Меѓународна Диплома за деловен англиски јазик (BEC) на Универзитетот во Кембриџ која слушателите може да ја полагаат по свој избор по завршувањето на курсот. Доколку размислувате или сте се одлучиле за полагање на оваа Диплома како дел од курсот нашето училиште ви нуди можност за полагање на преттестирање односно симулација на вистинскиот тест од Универзитетот во Кембриџ. Тестовите се подготвуваат, администрираат и се прегледуваат од стручен тим на испитувачи при Кембриџ ЕСОЛ. Услугата на преттестирање е бесплатна за слушателите на курсот.

Повеќе информации за:

 Диплома за деловен англиски јазик – БЕК (BEC)
Пакет од три испита БЕК прелиминарен, БЕК среден и БЕК напреден, наменети за тестирање на нивото на познавање на англискиот јазик во деловен контекст. Совршена опција доколку се подготвувате за кариера во областа на деловното работење. Во Македонија ги нудиме испитите БЕК среден и БЕК напреден. БЕК среден е испит за кандидатите на средно ниво што веќе работат или се подготвуваат за работа во областа на деловното работење, од општа канцелариска работа до производство и финансиски услуги. Ова ниво одговара на Кембриџ ниво 3 (Еф-Си-И). БЕК среден се состои од 4 дела: читање (1 час), пишување (45 минути), слушање (околу 40 минути) и зборување (околу 14 минути за двајца кандидати). БЕК напреден е наменет за слушатели што се здобиле или се здобиваат со деловни и/или канцелариски квалификации. Од слушателите на ова ниво се очекува да се снаоѓаат со сложени структури и да демонстрираат познавање на побогат вокабулар. Овој испит е на напредно ниво, сличен на Кембриџ ниво 4 (Си-Еј-И). БЕК напреден се состои од 4 дела: читање (1 час), пишување (1 час и 10 минути), слушање (околу 40 минути) и зборување (околу 16 минути за двајца кандидати). Дипломите се доделуваат на успешни кандидати со оценки А, В и С.

Inter Kultura © Made with <3 by OnPoint Digital | contact@interkultura.mk | 070341951