Aфрика: Еден континент, повеќе од 2 000 јазици

Дали знаевте дека Африка е најдиверзифицираниот континент во однос на јазиците?

Се проценува дека во Африка се зборуваат околу 2 000 јазици. Тоа е еднакво на една третина од сите јазици што се зборуваат ширум светот. За споредба, ISO стандардите класифицираат само 71 јазик во Европа. Во меѓувреме, помалку од една седмина од светското население живее во Африка. Но, дали Африка ќе остане толку разновидна кога станува збор за бројот на јазици што се зборуваат? Што ја прави Африка толку многу разновидна во однос на јазикот? Африканците користат мноштво јазици што се користат на дневна основа. Речиси е тешко да се поверува во статистичките податоци во овој поглед. Во огромното мнозинство на африкански народи, можете да слушнето од 100 до 250 дијалекти дневно. На пример, меѓу 100 жители на Уганда, секој од нив знае и користи 4,3 јазици во просек. Ова е најголемата концентрација на толку голем број дијалекти во светот. Но, како дојде до ова? Низ историјата на човештвото, луѓето најмногу време поминале во Африка. Со текот на времето, социјалните, политичките и економските процеси го обликуваат континентот. Токму во оваа област живееле првите луѓе и каде еволуирале првите јазици. Некои антрополози сметаат дека ова е причината за сегашната различност. Луѓето би мигрирале од Африка  на други континенти. Колку подалеку се движеле, толку поуниформен бил јазикот што го зборувале. Тоа е уште една причина за мноштвото јазици таму.

Повеќејазичност- да или не?

Толку голем број на јазици на релативно мала област беше голем предизвик на оние што владееле со африканските земји во постколонијалниот свет. Во голем број случаи, откако ја вратија независноста, некои нации назначија два или три јазици како официјални. Тоа требаше да ја обедини културно и етнички фрагментираната земја. Често се случуваше јазикот ‘ наследен’ од поранешен колонизатор-англискиот или францускиот, на пример, да остане еден од официјалните јазици во дадена држава. Дури неодамна политиката насочена кон заштита на јазичниот пејзаж на Африка стана приоритет. Владетелите сфатија колку јазикот е важен во обликувањето и унапредувањето на културниот и националниот идентитет на граѓаните. Оттука, локалните јазици се почесто се слушаат не само на улица, туку и во медиумите и во училиштата. Бројни африкански дијалекти се нарекуваат прекугранични бидејќи ги зборува не само една национална или етничка група. Тие можат да се слушнат во голем број држави. Најчесто користени јазици во Африка се: арапски, свахили, јула и хауса.

Исто како што беше случај во другите делови на светот, дијалектите што ги зборуваат нациите или етничките групи кои ги контролираат трговските патишта и трговијата обично се доминантни.

Африка не е единствениот континент во светот со многу дијалекти. Слична ситуација постои, на пример, во Азија и Океанија.Она што ги прави тие области различни од Африка е поголем ризик од исчезнувањето на локалните дијалекти. Дури 60 % од нив може да исчезнат во блиска иднина, во Африка таа бројка е 13%.

Причините за тоа може да се видат во начинот на кој Африка била колонизирана. Во текот на европската експанзија во други региони во светот (на пример, Југоисточна Азија и Јужна Америка), милиони луѓе од Стариот континент ќе мигрираат во освоените земји. Тие ги донесоа со себе нивните јазици (шпански или англиски). Африка, од друга страна, никогаш не била населена со голем број Европејци. Според тоа, локалните јазици би можеле да продолжат слободно да се развиваат. Меѓутоа, истражувачите предвидуваат дека ако Африка продолжи да се развива на ист начин како Европа, Северна и Јужна Америка, порано или подоцна на континентот ќе доминираат два или три јазици. Тие постепено ќе ги изместуваат локалните дијалекти. Се што можеме да направиме е да се надеваме дека тие нема да се предадат на економскиот развој и африканскиот лингвистички фолклор ќе остане недопрен.

Leave a comment

Inter Kultura © Made with <3 by OnPoint Digital | contact@interkultura.mk | 070341951