ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ

Стандардните курсеви за деца и за возрасни за сите странски јазици се во времетраење од максимум 4 месеци. Интензивните курсеви траат од два до два и пол месеци во зависност од големината на групата и интензитетот на часовите. Групите се состојат од најмногу 8 слушатели а тоа дозволува еднакво учество на секој слушател во текот на наставата. Наставата е динамична, интересна, релаксирана и прилагодена на- потребите на сите слушатели. Во текот на курсевите слушателите се здобиваат со јазични вештини како читање, пишување, комуникација, збогатување на речникот.
Вообичаените уписи секоја година се од 20 август до 10 септември и од 3 до 12 јануари.

Доколку оформите група од минимум 5 слушатели можете да стартувате со групата било кое време во годината. Интеркултура со оваа понуда Ви овозможува единствена шанса за иста цена самите вие да ги одберете термините на одржување на курсот како и да ја одредите динамиката на часовите.

Inter Kultura © Made with <3 by OnPoint Digital | contact@interkultura.mk | 070341951