Земји кои инвестираат најмногу во изучувањето англиски јазик

Англискиот јазик е најзборуваниот јазик , со над 1,5 милијарди говорници ширум светот. Способноста за изучување англиски јазик ги отвора вратите кон бескрајни можности вклучувајќи напредување во кариерата, патување по светот, запознавање нови луѓе и култури. Со оглед на придобивките, не е изненадувачки што многу држави инвестираат во изучување англиски јазик на своите граѓани. Но, кои се земјите кои инвестираат најмногу и каде се најдобрите градови за кариера што ќе ви овозможат да ги издигнете вашите јазични вештини?

Топ 10 држави кои инвестираат најмногу во изучувањето на англискиот јазик се:

  • Германија
  • Шпанија
  • Холандија
  • Италија
  • Данска
  • Шведска
  • Послка
  • Норвешка
  • Франција
  • Ирска

Англискиот јазик е задолжителен јазик во Германија, што значи дека секој студент мора да го учи во одреден момент од своето образование. Исто така кога станува збор за можностите за градење кариера на англиски јазик, државата е на прво место според работните места кои бараат познавање на истиот.

Шпанија е следна после Германија, а англискиот јазик е исто така задолжителен јазик. Шпанија има најголем број меѓународни училишта и над 1400 училишта за изучување англиски јазик.

Трета земја која значително инвестира во изучување на англискиот јазик е Холандија  и е една од земјите со највисоко ниво на познавање на истиот.  Просечниот жител на Холандија може да користи соодветен англиски јазик во социјални  ситуации, лесно да чита текстови .

Други држави кои инвестираат во изучувањето на англискиот јазик се Италија, Данска, Шведска,Полска, Норвешка, Франција и Ирска.

Главни градови кои англискиот јазик се цени најмногу од перспектива за вработување се Берлин,  Варшава, Букурешт, Амстердам, Мадрид, Парис, Брисел, Лисабон, Будимпешта и Софија. Многу млади луѓе ги избираат овие градови за да го усовршат англискиот јазик со цел да ги подобрат своите можности, да патуваат повеќе и секако, повеќе да заработуваат.

Учењето англиски јазик и спроведувањето на вашите вештини во пракса е исклучително наградувачко достигнување, што ви овозможува да ги истражите  патиштата во вашиот личен и професионален живот кои порано можеби и не биле можни.

Leave a comment

Inter Kultura © Made with <3 by OnPoint Digital | contact@interkultura.mk | 070341951