15 фасцинантни факти за шпанскиот јазик

Ако размислувате да почнете да учите шпански, би било одлично да се запознаете со потеклото и историјата на јазикот. За сите вљубеници во шпанскиот јазик, љубители на ситници, студенти, наставници и светски патници ви спремивме патешествие од интересни факти од кое ќе се фасцинирате. Дали сте подготвени?

  1. Шпанскиот е романски јазик кој потекнува од вулгарен латински јазик. Муслиманското владеење во Шпанија оставило свој белег  на шпанскиот јазик, бидејќи многу арапски зборови биле вградени во истиот. Се смета дека околу 8% од шпанскиот вокабулар е од арапско потекло;
  2. Шпанскиот јазик е  фонетски јазик. Ако знаете како се пишува зборот, сигурно ќе знаете и како да го изговорите;
  3. Се вели дека шпанскиот јазик е еден од најлесните јазици за учење. Еден говорник на мајчин англиски јазик му требаат во просек 575 и 600 часови за да вешто го говори шпанскиот јазик;
  4. Шпанскиот јазик е втор најзборуван јазик, со околу 437 милиони говорители, како  и втор најпроучуван јазик во светот, со тенденција да стане и прв до 2050 година;
  5. Шпанскиот јазик е официјален јазик во 22 земји на четири континенти;
  6. Постојат 2 фрази на шпански за да се каже “Те сакам” : “Te amo” се користи меѓу љубовници или блиски членови на семејството и “Te quero” претежно пријателски,користен за неромантичен начин;
  7. Текстот преведен од англиски на шпански јазик веројатно ќе се зголеми за 15 до 25 %, не затоа што шпанските зборови се подолги, туку затоа што шпанскиот јазик е подетален, експресивен и многу поетски;
  8. Првото литературно дело што беше целосно напишано на шпански јазик е “El Cantar de Mio Cid”, кое датира од 13 век и чиј автор е непознат;
  9. Буквата “ñ“ е единствената шпанска буква од шпанско потекло;
  10. Шпанскиот јазик има два различни глаголи ” да биде” и тоа SER и ESTAR;
  11. Англискиот и шпанскиот јазик  делат некои слично напишани зборови кои немаат исто значење. Овие  зборови се нарекуваат “лажни сродници” или “лажни пријатели”;
  12. Шпанскиот (кастелано) јазик не е единствениот јазик што се зборува во Шпанија. Други официјални јазици се глицискиот, баскискиот и каталонскиот јазик;
  13. Како и повеќето јазици, шпанскиот има многу уникатни зборови кои не можат да се преведат на други јазици;
  14. Најдолгиот збор во Шпанскиот јазик има 23 букви;
  15. Шпанскиот јазик се смета за број еден јазик на иднината.

Овие неверојатни факти за шпанскиот јазик покажуваат колку далеку стигнало наследството и историјата на јазикот. Се надеваме дека оваа листа ќе ве натера да го сметате шпанскиот јазик за пофасцинантен јази за учење!

Leave a comment

Inter Kultura © Made with <3 by OnPoint Digital | contact@interkultura.mk | 070341951